Костадинов: фали намалување од 0.001 грам манган на литар вода за да добиеме пак питка вода
Градоначалникот на Гевгелија за разрешувањето на директорката на Центарот за развој на Југоисточниот регион
Градоначалникот на Гевгелија и претседател на Советот на градоначалници на Југоисточниот плански регион, Андон Сарамандов, денеска се огласи со соопштение по разрешувањето на досегашната директорка на Центарот за развој на овој регион, Жулиета Ѓуркова.
-Одлуката за избор на нов директор на Центарот за развој Југоисточниот плански регион беше донесена едногласно од страна на членовите на истиот. Во изминатиот период по направените разговори со градочалниците од Центарот за развој на Југоисточен плански регион утврдивме директор да се бира на почеток на мандатите на градоначалниците од регионот, велиСарамандов.
-Досегашната директорка Жулиета Ѓуркова е на оваа функција 14 години и нашиот став е дека добро е да ја наследи ново лице кое би додало нова енергија во работењето на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со цел навремено остварување на програмата на планскиот регион и акциониот план за нејзино спроведување. Инаку,Ѓуркова останува на раководна позиција во Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и убедени сме дека нејзиното искуство ќе биде од особено значење во понатамошното работење на оваа институција, додава Сарамандов.
Инаку, на последната седница оддржана во петокот на 22 овој месец едногласно за ВД директор е именуван Јован Коцев, вработен во Центарот за развој на југоисточниот плански регион.
На истата седница донесена е Одлука за распишување на јавен оглас за избор на директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.