Градоначалниците на Босилово, Ново Село и Василево ги испратија коњаниците од Радово кои тргнаа кон Крушево
-Со божји благослов, со знамето на Македонија и на општина Босилово, со гордост и со исполнета душа ја испративме коњаницата која тргна кон славното Крушево по повод празникот Илинден.Овие млади луѓе од Радово покажаа како се сака татковината и треба да бидат пример за сите граѓани, објави градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев.
Коњаницата ја испратија голем број на граѓани од Босилово заедно со градоначалникот на Ново Село Ѓорѓе Божинов и градоначалникот на Василево Славе Андонов.