fbpx

Приведен радовишанец поради кражби и мачење на животни

 Приведен радовишанец поради кражби и мачење на животни

На 25.06.2023 во 10:00 часот во Радовиш полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Е.Б. (21) од Радовиш, соопштија денеска од МВР.

Лицето се сомничи дека на 25.06.2023 на подрачје на Радовиш извршило две кривични дела „одземање на моторно возило“ и по едно кривично дело „тешка кражба“, „насилство“ и „мачење на животни“.

Е.Б. бил задржан во полициската станица Радовиш, кај него бил пронајден предмет со кој извршил кривично дело и во разговорот со службените лица ги признал делата, а одземените моторни возила биле пронајдени од страна на полициски службеници и вратени на сопствениците.

По целосно документирање на случаите против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link