Приведен разбојник од Струмица, полицијата го уапсила еден час по кражбата
Синоќа во 02:50 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Т.М. (44) од Струмица, кој околу 01:50 часот во продавница (тобако) во Струмица со закана одзел пари од дневниот промет од вработената.
Кај Т.М. биле пронајдени парите, како и предмети поврзани со кривичното дело.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.