fbpx

Приведен Србин за извршено свирепо убиство во Србија

 Приведен Србин за извршено свирепо убиство во Србија

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал при МВР по добиено барање од Интерпол Белград, а во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка, СВР Куманово, ОВР Кавадарци и РЦ за ГР Север, на 29.09.2021 на територија на општина Кавадарци, во место викано Шамаци, го пронајдоа и лишија од слобода српскиот државјанин А.Ф. (43) од Пожаревац, кој во Република Србија е осомничен за сторено кривично дело “свирепо убиство“ на неговиот брат, соопштија денеска од МВР.

Приведениот е предаден на полициските служби на Република Србија за понатамошна постапка.

Share via
Copy link