fbpx

Две лица претепале струмичанец и му одзеле пари

 Две лица претепале струмичанец и му одзеле пари

Синоќа во 20:55 часот во Полициската станица Струмица, П.Т.(42) од Струмица пријавил дека околу 20.45 часот на улица „Младинска“ во Струмица неговиот татко С.Т.(70) бил физички нападнат од две лица, кои употребиле и тврд предмет и му одзеле пари, информираа денеска од СВР Струмица.

Според информации од болницата, С.Т. бил примен со повреди нанесени со тврд предмет.

Полициската станица Струмица презема мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link