„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Приведени крадци од Радовиш и Штип, пронајдени украдените предмети и одземеното возило
На 07.02.2023 во 18.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода Е.Б. (20) од Радовиш. Во извршениот службен разговор тој признал дека во текот на месец февруари, заедно со М.Ш. (18) и уште едно малолетно лице од Штип, на подрачјето на Радовиш извршиле кривични дела „тешка кражба“ и „одземање на моторно возило“, соопштија денеска од МВР.
На 09.02.2023 во Полициска станица Радовиш бил повикан и М.Ш. (18) кој ги признал делата и доброволно ги предал предметите кои потекнуваат од извршените кривични дела, а исто така, било пронајдено и одземеното моторно возило.
По целосно документирање против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.