fbpx

Приведени крадци од струмичко

Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Струмица, на 09 и 10 октомври, по претходни оперативни сознанија, во село Иловица, струмичко, од слобода лиши три лица поради сомнение дека извршиле повеќе тешки кражби во куќи на подрачјето на Струмица и околните села.

Во СВР Струмица се приведени Ш.М.(32), С.М.(18), двајцата од село Иловица и 17 – годишен малолетник од село Свидовица.

Во врска со кражбите на разговор во СВР Струмица бил повикан и Ш.М.(18 ) од село Иловица.

Тешкките кражби приведените ги извршиле во куќи во село Колешино и село Куклиш и пронајдени и одземени се повеќе предмети кои им припаѓаат на оштетените.

Исто така, извршено е и препознавање на Ш.М.(32) од оштетените.

По целосно документирање и расчистување на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Share via
Copy link