fbpx

Приведено лице за неовластено производство на марихуана во Струмичко

 Приведено лице за неовластено производство на марихуана во Струмичко

Полициски службеници од СВР Струмица го привеле Ј.П.(46) од струмичкото село Муртино. Во 9.30 часот, во близина на место викано „Герено“ во атарот на село Муртино, полициски службеници, откриле импровизирано место за одгледување марихуана, каде биле пронајдени 62 саксии засадени со марихуана, со висина на стеблата од 30 до 50 сантиметри.

Од МВР денеска соопштија дека по преземени мерки и активности утврдено е дека саксиите се во сопственост на Ј.П.

Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Струмица и со наредба од судија на претходна постапка при Основен суд Струмица, информираат од МВР, бил извршен претрес во дом и други простории кај Ј.П., при што биле пронајдени 187 семки од растение канабис сатива, 20 куршуми, барутно полнење со ознака м-49, масло од канабис, неколку стебла канабис сатива во висина од 20-25 см, петарди, метални детектори, 18 стари монети и поголема количина пари.

Ј.П. бил приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Share via
Copy link