Одговор од Општина Струмица на соопштението на ОО СДСМ Струмица
Одговор од Општина Струмица на соопштението на ОО СДСМ Струмица

-Општина Струмица ги исполнува своите обврски кон граѓаните одговорно и во рамките на своите финансиски можности. Целосно ги почитува сите препораки од релевантните институции но, можностите на Општината за одредени исплати се ограничени, се наведува во одговорот од Општина Струмица на соопштението од ОО СДСМ Струмица за неисплатените паушали на членови на Избирачките органи за ланските локални избори.
-Ограничени се поради големите долгови направени со претходно лошо менаџирање. Односно, активности кои не ја воделе финансиската положба на Општина Струмица во добра насока. За жал, во Буџетот за 2025 година за Локални избори биле предвидени само со една десетина од средствата за кои станува збор. Инаку, станува збор за обврска од над 11 милиони денари. Во меѓувреме, Општината репрограмира и исплаќа големи долгови и камати од 2024 и 2025 година. Општината ги подготвува средствата и во првата прилика на прилив ќе бидат доставени до сметките на граѓаните кои учествуваа во избирачкиот процес на гласачките места, се наведува во одговорот на локалната самоуправа.
Фото: архива Југоинфо