Пронајден удавен работник на патот во изградба Радовиш-Штип
Вчера во 17:50 часот во полициска станица Радовиш било пријавено дека во шахта на магистралниот пат во изградба А-4 Штип-Радовиш, поточно во близина на крстосница за село Бучим бил пронајдено починато лице, соопштија денес од СВР Струмица.
Увидна екипа од ОВР Радовиш, Трудов инспектор и лекар извршиле увид на местото, при што било утврдено дека станува збор за Б.Б.(49) од Скопје, кој додека извршувал работни задачи за фирма, паднал во шахтата со вода и се удавил.
Од обдукцијата, извршена по наредба на Јавен обвинител, е потврдено дека причина за смртта е давење.