fbpx

Пронајдени 44 мигранти кај Валандово

 Пронајдени 44 мигранти кај Валандово

Вчера околу 19:40 чaсот на место викано „Страиште“, во близина на Валандово, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Стар Дојран“ го лишиле од слобода С.Л.(23) од село Сопотница, демирхисарско.

При преглед во товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, во специјално направен бункер во возилото, биле пронајдени 44 лица мигранти од Сирија, од кои 14 малолетници.

Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а лицето било приведено и задржано во Полициската станица Гевгелија. Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Share via
Copy link