fbpx

Пронајдено исчезнатото деветгодишно дете од село Јаргулица

Денеска (23.03.2022) околу 10>30 часот во атар на село Покрајчево, радовишко, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го пронашле малолетникот Д.И.(9) од с.Јаргулица, радовишко.

На 22.03.2022 во 22:20 часот во Полициската станица Радовиш, неговиот татко Љ.И.(41) пријавил дека тој се оддалечил од домот. Веднаш по пријавувањето, полициски службеници од Полициската станица Радовиш, екипа од Територијалната противпожарна единица и граѓани започнале пребарување на теренот и денеска малолетникот бил пронајден во добра здравствена состојба.

Share via
Copy link