„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Протест на земјоделци од Струмичко заради ниската откупна цена на зелката
Со протест со трактори по улиците на Струмица и едночасовна блокада на крстосницата кај ТЦ „Глобал“ производители на пролетна зелка од повеќе села од Струмичко го искажаа својот револт заради ниските откупни цени.
Тие побараа зелката да не се откупува под 30 денари за килограм, како и итна средба со министерот за земјоделство, Љупчо Николовски и Инспекторатот за земјоделство.
Земјоделците реагираа дека договореното од последната средба со откупувачите и Инспекторатот за земјоделство, зелката да се откупува по 20 денари за килограм во текот на оваа седмица согласно законот не се почитува, а денеска откупната цена е 15 денари.
-Бараме итна средба со министерот која ќе се одржи најдоцна до недела и доколку не се случи тоа тогаш ќе го радикализираме протестот со блокирање на патишта, беше кажано на протестот.
Производителите на пролетна зечка се пожалија дека дел од трговците прават манипулации при откупот, односно се пишува дека зелката се откупува по 20 денари, а се намалуваат килограмите на откупеното и зелката се исплаќа по 15 денари за килограм. Затоа, земјоделците бараат реакција од надлежните за да се спречат таквите манипулации.