Полициски билтен: Семејно насилство во Струмица, пожар во Гевгелија и сообраќајна несреќа
Првото соочување меѓу Академија Пандев и Беласица на први ноември
Струмичките фудбалски прволигаши Академија Пандев и Беласица првото соочување ќе го имаат на први ноември во рамките на 11 првенствено коло.
Инаку, првото коло од новиот шампионат на Македонија ќе се игра на 9. август. Академија Пандев гостува на новиот прволигаш Пелистер, а Беласица на домашен терен ја пречекува екипата на Силекс.
Во останатите натпревари, на Чаир ќе гостува Шкендија каде што ќе ја пречека домашниот Шкупи. Следуваат уште и мечевите Вардар – Борец, Македонија ЃП – Работнички и Ренова – Струга Трим Љум.
