„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Радовиш го чествува заштитникот на градот
Традиционално и оваа година, под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Радовиш, а во организација на Македонската православна црква, Брегалничка епархија – Храм Св.Троица, општина Радовиш ќе го одбележи чествувањето на патронот и заштитник на градот – Свети Спасо Радовишки.
Согласно протоколите и препораките од комисијата за заразни болести при министерството за здравство и центарот за јавно здравје, оваа година црковниот дел од чествувањето ќе биде организиран со помал број активности и со превземање на сите неопходни мерки за заштита на граѓаните.
За одбележување на празникот е предвидена следната Програма:
20.08.2020 год. – Четврток
18:00 час. Вечерна богослужба во Храм „СВ.ТРОИЦА“
19:30 час. Молебен пред Параклисот „Св.Спасо Радовишки“
21.08.2020 год. – Петок
08:00 час. Света литургија во Храм „СВ.ТРОИЦА“
Славски колач
Организацискиот одбор ќе ги преземе сите мерки согласно препораките и протоколите за јавни настани, а исто така ги замолуваме сите граѓани на општина Радовиш кои ќе се вклучат во чествувањето – да ги почитуваат мерките во однос на носење на заштитна опрема и одржување на социјална дистанца