„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Реализирана кампања „Лето без пожари“ во повеќе населени места
Отсекот за превенција при СВР Струмица во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување – Струмица, во населените места Попчево, Рич, Белотино, Дражево, Смоларе, Старо Коњарево, Колешино и Габрово ја реализираше традиционалната кампања “Лето без пожари”.
Основна цел на кампањата е заштита и зачувување на зелените шумски површини, земјоделско земјиште, ливадите и пасиштата од пожари, во текот на летниот период.
Од страна на полициските службеници од Отсекот и инспекторот за пожари од ДЗС на непосредни средби на граѓаните им беа делени летоци и превентивни совети за ризиците од појава на пожари и штетите од истите.
Активноста придонесува да се подигне свеста кај граѓаните за заштита и превенција од пожари со што се зајакнува довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.
Активностите ќе продолжат во текот на летниот период на места каде постојат ризици од предизвикување на пожари.