fbpx

Вчера во струмичко избувнале четири пожари на отворено

 Вчера во струмичко избувнале четири пожари на отворено

Вчера ТППЕ Струмица со 4 ПП возила и 10 пожарникари-спасители во атарот помеѓу селата Петралинци и Гечерлија интервенираше на гаснење на запалени стрништа, сува трева и насади со лозје.

Заради силниот ветер пожарот се ширеше со голема брзина при што беа загрозени неколку околни објекти. Благодарение на брзата интервенција пожарот беше успешно локализиран и ликвидиран, инфомираа струмичките пожарникари.

Речиси истовремено било интервенирано на пожари во атарите на селатаЧанаклија, Старо Коњарево и Колешино. Таму горела сува трева и нискостеблеста шума.

Share via
Copy link