fbpx

Реализирана превентивна активност „Носи кацига-вози безбедно“

 Реализирана превентивна активност „Носи кацига-вози безбедно“

Денеска на повеќе локации на подрачјето на Струмица полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата Струмица спроведoa превентивна активност под мотото „Носи кацига – вози безбедно“. Aктивностa се реализира во соработка со Републичкиот совет за безбедност на патниот сообраќај и Мото асоцијација на Македонија на МК Клубови.

Преку делење на летоци со едукативна содржина полициските службеници и советниците од РСБСП ги потсетуваа возачите на мотори, мопеди, но и на возачите на електрични тротинети кои се се обврската да носат заштитни средства, како што е кацигата, со што значително ќе ја зголемат својата безбедност, односно носењето кацига може да го спаси нивниот живот.

-Во првите 6 месеци од минатата 2023 година на подрачје на СВР Струмица имавме 3 жртви во сообраќајни несреќи кои управувале или се превезувале на мотор, а во шесте месеци од 2024 година не е случена сообраќајна несреќа со загинат мотоциклист, што ни дава за право да кажеме дека превентивните активности кои се спроведуваат влијаат на подигање на свеста кај оваа категорија учесници во сообраќајот, изјави Александра Трајанова, портпаролка на СВР Струмица.

Таа потенцираше дека покрај превентивните акции, на подрачје на СВР Струмица продолжуваат и засилените акциски контроли за санкционирање на оние учесници во сообраќајот што не ги почитуваат правилата. Ова се однесува и на возачите на мотори, мопеди и електрични тротинети. Како резултат на овие засилени контроли во месец јуни оваа годинана подрачје на Струмица се санкционирани 66 возачи кои не користеле кацига, а во месец јуни 2023 година бројот на санкционирани возачи кои не носеле кацига бил 45.

Share via
Copy link