Во рамки на посетите и разговорите со граѓаните, пациент кој не можел да добие соодветна терапија на онкологија каде одел на хемотерапија на бубрези сподели видео исказ каде како тогашен министер за здравство, Д-р Венко Филипче му помогнал и веднаш по барањето пристапил кон решавање на проблемите на пациентот.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во посета на струмичкиот крај каде оствари работни посети на Секторот за внатрешни работи Струмица, Отсекот за управни работи Струмица и канцеларијата за управни работи во Ново Село. Министерот Тошковски од страна на раководството на СВР Струмица беше брифиран дека генерално безбедносната состојба на подрачјето кое го […]
Во центарот на Босилово штрк свитка гнездо и од вистинска птичја перспектива наблудува што се случува.
-Дефектот на системот за водоснабдување од браната Иловица е саниран, објави градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев. -Само што започна полнењето на резервоарите и производството на водата. Додека да се наполнат базените, да се филтрира водата и да се наполни системот ќе поминат уште 7- 8 часа додека водата стигне во сите куќи, во сите населени […]
-За жал, синоќа пукна главната водоводна цева која носи вода од браната “Иловица” до филтер станицата „Иловица“. Се работи за дефект со кој се спречува дотур на вода до филтер станицата кој е во надлежност на АД Водостопанство “Струмичко Поле” Струмица, објави градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев. Екипи од “Струмичко Поле” со помош на вработените […]
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев денеска го одбележаа официјалното отпочнување со работа на градинката „Среќни насмевки“ во Босилово. „Градинката „Среќни насмевки“ e изградена и опремена со средства обезбедени од Министерството за труд и социјална политика во износ од 14 милиони денари во градежниот дел и […]
Комерцијална ПР објава И веднаш за да нема никаква дилема, да бидам јасен овој наслов не е печатна грешка и вие правилно сте го прочитале и разбрале. Еуромакс Ресоурцес е одлучно против „рудници на смртта“, против „екоцид и геноцид“, против застарени технолошки методи и стандарди во рударството, против користење на цијанид, киселини и токсични хемикалии; […]
Советот на Општина Босилово на денешната седница по шести пат го одби барањето на советникот од „Стига е“, Стојан Велков -Трн, за донесување одлука за мислење во врска со иницијативи за вршење на геолошки истражувања и експлоатација на металични минерални суровини. Велков-Трн денеска со транспарент ги пречека колеги советниците, а според него со таквата Одлука […]
Денеска, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на покана на градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев, го посети мостот во атарот на село Секирник на реката Струмица којшто е видливо оштетен, во лоша состојба и претставува опасност за тие што го користат. Според Ангелов, еден од носечките столбови кој ја држи конструкцијата […]
-На задоволство на граѓаните на Турново и воопшто на задоволство на сите граѓани на општина Босилово, денес Општина Босилово, Црвен крст Струмица и МТСП потпишаа договор со кој во 2023 година во Турново ќе биде ставен во функција “Дневен центар за активно стареење”, објави градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев. -Договорените страни преземаа обврска да се […]