fbpx

Манчев: Саниран е дефектот на системот за водоснабдување од браната Иловица

 Манчев: Саниран е дефектот на системот за водоснабдување од браната Иловица

-Дефектот на системот за водоснабдување од браната Иловица е саниран, објави градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев.

-Само што започна полнењето на резервоарите и производството на водата. Додека да се наполнат базените, да се филтрира водата и да се наполни системот ќе поминат уште 7- 8 часа додека водата стигне во сите куќи, во сите населени места. Ви благодариме на разбирањето.Иако не е наша надлежност, Општина Босилово и ЈПКД ” Огражден” , заедно со АД Водостопанство “Струмичко поле” беа активно ангажирани за решавање на проблемот кој беше доста сложен и на непристапен терен, напиша Манчев.

Share via
Copy link