fbpx

Шест лица повредени во сообраќајна несреќа во Струмица во која учествувале 3 автомобили

 Шест лица повредени во сообраќајна несреќа во Струмица во која учествувале 3 автомобили

СВР Струмица денеска соопшти дека синоќа во 03:40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Маршал Тито“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Р. (25) од Струмица, патничко возило „опел астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Ш. (29) од село Гечерлија, струмичко и патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.С. (26) од село Ангелци, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.С.(24), сопатник во патничкото возило „ауди“, а со телесни повреди се здобиле возачите на патничките возила „ауди“ и „опел астра“, како и М.Ш и А.Д., сопатници од патничкото возило „опел астра“ и В.М.Ѓ., сопатник од патничкото возило „ауди“.

Повредите биле констатирани од страна на лекар во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Струмица.

Фото: илустрација

Share via
Copy link