fbpx

Пукната главна водоводна цевка ја остави Општина Босилово без вода

 Пукната главна водоводна цевка ја остави Општина Босилово без вода

-За жал, синоќа пукна главната водоводна цева која носи вода од браната “Иловица” до филтер станицата „Иловица“. Се работи за дефект со кој се спречува дотур на вода до филтер станицата кој е во надлежност на АД Водостопанство “Струмичко Поле” Струмица, објави градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев.

Екипи од “Струмичко Поле” со помош на вработените од ЈПКД “Огражден” веќе се на терен и работат на отстранување на дефектот и повторно обезбедување вода за филтер станицата Иловица.За жал поради комплексноста на наведениот дефект, во текот на денешниот ден без вода ќе бидат сите населени места кои користат вода од системот Иловица.Екипите и опремата на ЈПКД ” Огражден” – Босилово се целосно ангажирани во поддршка на АД ” Струмичко Поле” за побрзо решавање на проблемот.За сите новонастанати ситуации, за текот на активностите и обезбедувањето на вода, дополнително ќе Ве информираме.Жалиме за ваквата состојба, која верувам дека ќе успееме брзо и успешно да ја надминеме, напиша градоначалникот на Босилово.

Share via
Copy link