fbpx

Советот на Општина Босилово по шести пат го одби барањето на советникот Велков-Трн за донесување одлука против експлоатација на металични суровини

 Советот на Општина Босилово по шести пат го одби барањето на советникот Велков-Трн за донесување одлука против експлоатација на металични суровини

Советот на Општина Босилово на денешната седница по шести пат го одби барањето на советникот од „Стига е“, Стојан Велков -Трн, за донесување одлука за мислење во врска со иницијативи за вршење на геолошки истражувања и експлоатација на металични минерални суровини.

Велков-Трн денеска со транспарент ги пречека колеги советниците, а според него со таквата Одлука Општина Босилово преку Советот ќе се заштити од сите тековни и идни иницијативи за истражување и ископ.

-Ќе ги охрабри и ќе им даде важност на жителите кои не сакаат рудници (99%) и кои со својот глас ни овозможиле да станеме советници и ќе даде силен сигнал до надлежните институции и јавноста дека сака да ја заштити и зачува природата за сите наши деца, за децата на нашите деца, за нивните деца, стои во објавата на Велков Трн.

Барањето на советникот беше одбиено со 8 гласови против и 7 за, а одговорот од градоначалникот Ристо Манчев е дека барањето е незаконско за донесување таква одлука, бидејќи Општината нема ингеренции по тоа прашање.

Share via
Copy link