fbpx

Реконструиран паркот во Куклиш

 Реконструиран паркот во Куклиш

Денес градоначалникот Костадин Костадинов го посети населеното место Куклиш во кое се завршени повеќе активности од програмата за работа на Општина Струмица. Тој ги запозна претставниците на медиумите со завршеното оградување на паркот пред детската градинка, поставената нова мржена ограда на метална конструкција со бетонски ѕид, санираната мрежа на постоечката ограда на градинката, извршената поправка и фарбање на металните клупи и замената на дрвените конструкции на 12 клупи, како и поставувањето 3 нови корпи за отпадоци.

Градоначалникот Костадинов ги спомена и поправените и бојадисани детски играчки во паркот, како и направената бетонска платформа за нова детска комбинирана играчка на гумирана подлога, а го најави и денешното започнување на градежните работи од втората фаза на изградбата на Домот на културата во Куклиш.

Покрај активностите во Куклиш, градоначалникот ги истакна и оние во Просениково и Сачево, уредувањето површина од 6.200 метри квадратни во Градско Балдовци, како и оградувањето на игралиштата во Рич и Просениково. Една од активностите кои следуваат во скорешна иднина е и изградбата на бетонска платформа и поставување нов летниковец во населеното место Вељуса.

Share via
Copy link