Старец потешко повреден во Муртино откако го удрил автомобил
СДСМ: Кадровски дебакл на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, професор по физичко на заменичко место во МВР
Кадровски дебакл на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, професор по физичко на заменичко место во МВРВМРО-ДПМНЕ од една страна ја партизира државата со стари кадри а од друга страна на високи државни позиции назначува кадри по пртиски клуч без основно, елементрано познавање на областа за кои се назначуваат.
Последен пример е предлогот за заменик министер во Министерството за внатрешни работи, Мицкоски го предлага Астрит Исеини, кој дипломирал на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а се стекнал и со титулата доктор по Кинезиологија, како вонреден професор.
Каква врска има физичкото образование, Кинезиологијата со полицијата и внатрешните работи?
Гледаме класичен кадровски дебакл на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Единствен критериум е партиската припадност.
Нити има свежи кадри нити професионалци ниту пак луѓе со соодветно познавање на областите.