fbpx

Се е подготвено за големата Get EXIT-ед забава! Во Струмица пристигаат Agents Of Time, Meduza, Layla Benitez и Senidah, а влезот е слободен!

 Се е подготвено за големата Get EXIT-ед забава! Во Струмица пристигаат Agents Of Time, Meduza, Layla Benitez и Senidah, а влезот е слободен!

Долгоочекуваното трето издание на  Get EXITед спектаклот ќе се одржи денес на 6 септември,  во големиот Струмички парк, а вратите се отвораат веќе од 17:30. На големата забава под отворено небо пристигаат популарното електро дуо Agents Of Time, Grammy номинираното техно трио  Meduza, њујоршката afro-house дива Layla Benitez, најпознатата звезда на регионалната хип-хоп и трап сцена Senidah како и домашната подршка Young Dadi, 2Bona, Zee, Matej Foltz, DJ Popeye, Divizija и DJ Bonev.

Големата забава за затворање на летната сезона е во организација на EXIT тимот и Општина Струмица. Возбодувањето расте додека публиката се подготвува да се препушти на хитовите од разновидната музичка програма, а ве информираме и  за саатниците на сите настапи.

Летната забава под звездите во Струмичкиот парк ќе ја отвори DJ Bonev во 17:30, a во состав на јаката регионална програма ќе го следи и DJ Popeye од 18:00, Divizija од 19:30, Zee, Matej Foltz  и Young Dadi од 20:05. Од 21:25 публиката дополнително ќе ја загреат нашите 2Бона, додека во 22:50 на сцената доаѓа ненадминливата регионална дива  Senidah! Од 00:00 забавата се подига на максимум со afro-house ѕвездата Layla Benitez, динамичното техно трио Meduza од 01:30, додека финалето на ноќната забава ќе му припадне на популарното елетро дуо Agents Of Time, кои настапуваат од 03:00 часот.

Покрај несомнената разиграна атмосфера, за денес се најавени температури до 32 степени со што енергијата пред Струмичкиот парк е загарантирана.

По минатогодишното издание на кое преку 20.000 посетители танцуваа до изгрејсонце, оваа година се очекува срушување на тој рекорд и незаборавен помин со одличната селекција на артисти.

Share via
Copy link