fbpx

Се гради пристапниот пат до Прифатилиштите за бездомни животни во Струмица

 Се гради пристапниот пат до Прифатилиштите за бездомни животни во Струмица

Денеска почна изградбата на пристапниот пат до Прифатилиштето за бездомни животни во Струмица во должина од 561 метри, проект кој го реализира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со Општина Струмица.

Како што информираше директорката на Центарот за развој на овој регион, Жулиета Ѓуркова, средствата за изградба на патот во висина од над 4 милиони денари се обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој.

-Ова е само еден од повеќето проекти кои Центарот за развој ги имплементира преку оваа програма. Сега во моментот се спроведува и постапка за избор на нови проекти од истата програма. Важно е да се каже дека за изградба на самиот Стационар за бездомни животни беа обезбедени финансиски средства од Бирото за регионален развој, односно Министерството за локална самоуправа и дополнително за опремата од Програмата на ОН, а исто така беа набавени возила, рече Ѓуркова.

Претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски, истакна дека со овој проект се планира да се изгради модерна инфраструктура за лесен и брз пристап до прифатилиштето за бездомни животни.

– Овој проект има регионално значење, иако со прифатилиштето ќе раководи и ќе го финансира Општина Струмица и истото во иднина, во согласност со законските прописи, ќе биде во функција и на соседните општини за минимален надомест по заловено куче, рече Даскаловски.

Покрај изградбата на патот, со овој проект ќе се овозможи влезниот дел од прифатилиштето да се уреди со паркинг простор, партерно и хортикултурно уредување со затревување на просторот, поставување на клупи за седење, канти за отпадоци и засадување на дрвја.

Share via
Copy link