fbpx

Се намалува бројот на новозаразени од ковид-19 во Струмица, 39 оздравени

 Се намалува бројот на новозаразени од ковид-19 во Струмица, 39 оздравени

Во Струмица по подолго време се регистрирани 11 новозаразени, а бројот на оздравени пациенти е 39.

Во последните 24 часа се направени 2930 тестирања, а регистрирани се 977 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 503-Куманово 55-Дебар 1-Штип 14-Прилеп 45-Тетово 40-Струга 32-Велес 29-Битола 67-Охрид 40 -Кавадарци 15-Гостивар 22-Гевгелија 10-Струмица 11-Крива Паланка 12-Радовиш 6-Крушево 4-Кочани 3-Пробиштип 3-Демир Хисар 4-Берово 1-Валандово 1-Виница 5-Делчево 3-Свети Николе 13-Кичево 14-Ресен 2-Неготино 22.

Починати се 31 лице, седум пациенти од Скопје (74, 78, 82, 51, 38, 60 и 64г), двајца од Куманово (76 и 67г), еден од Дебар (71г), двајца од Штип (62 и 67г), двајца од Прилеп (78 и 78г), двајца од Тетово (72 и 76г), двајца од Велес (78 и 78г), четири пациенти од Битола (71, 87, 44 и 67г), три од Охрид (65, 78 и 78г), еден пациент од Кавадарци (72г), еден од Гевгелија (56г), тројца од Кичево (47, 68 и 53г) и еден пациент од Неготино (74г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 843 оздравени пациенти од:-Скопје 279-Куманово 43-Дебар 6-Штип 42-Прилеп 32-Тетово 79-Велес 35-Битола 65-Охрид 1-Кавадарци 15-Гостивар 49-Гевгелија 14-Струмица 39-Крива Паланка 6-Радовиш 12-Кочани 25-Пробиштип 13-Демир Хисар 6-Македонски Брод 1-Берово 6-Валандово 5-Кратово 10-Свети Николе 3-Кичево 36-Ресен 10-Неготино11.

Досега во земјата се направени вкупно 296.802 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 48613, бројката на оздравени пациенти е 28646, на починати е 1376, а бројот на активни случаи изнесува 18591.

Share via
Copy link