fbpx

Се одржа гастрономска вечер по повод Светската недела на италијанската кујна

 Се одржа гастрономска вечер по повод Светската недела на италијанската кујна

Вечерва во Струмица , во организација на Здружението за промоција на италијанскиот јазик и култура „Quo Vadis Ad Astra“ , во соработка со Амбасадата на Република Италија, а со поддршка на Општина Струмица прегу програмата „G-1“, се одржа настан по повод Светската недела на италијанската кујна и овогодинешната кандидатура на италијанската кујна за нематеријално културно наследство на Унеско.

Од името на Општина Струмица свое обраќање пред присутните имаше членката на Советот на општина Струмица Елена Магеровска Паликарова, која, пренесувајќи ги поздравите од градоначалникот Костадин Костадинов, меѓу другото истакна:

„Сите ние имаме различни вкусови. На едни им се допаѓа едно, на други им се допаѓа друго, па токму затоа се вели: „за вкусовите нема да расправаме“. Ама кога е во прашање вкусот на италијанската храна, тогаш сум повеќе од сигурна дека сите имаат еден идентичен вкус и едно заедничко мислење, а тоа е дека станува збор за една од најдобрите и највкусните храни на светот, ако не и најдобра меѓу најдобрите. Италијанската храна е повеќе од храна, таа претставува култура на гастрономијата но и култура на живеење, рече Магеровска Паликарова.

Присутните имаа можност да бидат дел од дегустацијата на „Суши пица карбонара“ која е вистински тренд во Италија, а е гастрономско дело патентирано од страна на специјалниот гостин – Мастер Пица Шефот со 5 ѕвезди – Џовани Маскари од Италија.

Настанот имаше и хуманитарен карактер преку донирање средства за акцијата на Фондацијата „Елеуса“ – „Топол оброк за сите“.

Share via
Copy link