fbpx

Потешко повреден малолетен пешак во село Дабиле

На 23.11.2023 во СВР Струмица било пријавено дека во 16.20 часот на магистрален пат Струмица – Ново Село, во сeло Дабиле, струмичко, патничко возило „опел астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Д. (35) од село Моноспитово, струмичко, удрило во малолетен пешак од село Дабиле, соопштија денеска од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Струмица.

Увид на местото на несреќата бил извршен од екипа од СВР Струмица.

Share via
Copy link