fbpx

Се одржа Меморијалниот пинг-понгарски турнир „Кире Велков“

 Се одржа Меморијалниот пинг-понгарски турнир „Кире Велков“

Денеска во спортската сала на СОУУД „Димитар Влахов“, во организација на Пингпоингарскиот клуб „Астраион Мега Спин“ од Струмица, се одржа третиот Меморијален турнир во пинг-понг „Кире Велков“ 2024.

Турнирот за отворен го прогласи членот на Советот на општина Струмица Александар Ненчев кој на гостите, учесниците и организаторите им ги пренесе поздравите од градоначалникот Костадин Костадинов, посакувајќи им успешно издание на турнирот. Тој во своето обраќање меѓу другото истакна:

-Струмица треба да биде горда на фактот дека вистинските вредности во спортот не се забораваат. Како резултат на тоа, познатиот спортски работник и пасиониран поклоник на пинг-понгот, Кире Велков, и покрај четиригодишното отсуство од земскиот живот и пингпонгарските табли, продолжува да живее преку овој турнир, благодарение на почитта и спомените на неговите ученици – пингпонгарки и пингпонгари, кои, во улога на организатори, се дел од пингпонгарскиот клуб „Астраион Мега Спин“. Кире Велков ја заслужи таа почит, рече Ненчев.

На турнирот учествуваа 70-тина пингпонгарки и пингпонгари од Грција, Бугарија и Македонија кои се натпреваруваа во четири категории, а покрај предвидените медали за најдобрите, беа доделени и плакети за првата генерација струмички пингпонгарки од далечната 1981 година.

Share via
Copy link