„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Се одржа првата форумска сесија за имплементација на регионални проекти
Со одржувањето на Првата форумска сесија, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион започна со имплементација на Регионалните форуми во заедницата со цел подготовка на проекти по Програмата за рамномерен регионален развој за 2024 година на Бирото за регионален развој.
На форумската сесија беа присутни учесници од различни категории од 10-те општини на Југоисточниот плански регион и истите активно учествуваа во утврдувањето на приоритетните области во кои треба да се интервенира, во идентификувањето на проблемите и предлагање на решенија со кои ќе се овозможи подобрување на условите за живот на населението во Југоисточниот регион.
Како приоритени области кои добија најмногу гласови од учесниците на форумот беа следниве:
- Транспорт и инфраструктура и
- Економија и туризам.
Врз основа на идентификуваните проблеми, преку нивна анализа и разработка, во наредниот период ќе се развијат концептни решенија кои понатаму ќе се презентираат пред Советот за развој на Југоисточниот плански регион, како и пред присутните учесници на втората форумска сесија, која е планирана да се одржи кон крајот на месец ноември 2023 година.
Регионалните форуми во заедницата во Југоисточниот плански регион се финансиски поддржани од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка преку проектот “Одржлив и инклузивен рамнoмерен региoнален развoј – 2 фаза“.