„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Шампионките на ЖФК „Тиверија“ на прием кај градоначалникот Костадинов
Градоначалникот Костадин Костадинов, денеска, имаше средба со претставници на женскиот фудбалски клуб „Тиверија“ Струмица предводени од претседателката на клубот Александра Терзиски и директорот Илија Панов.
На средбата разговараа за тековните активности на клубот, но и за плановите во годината што доаѓа.Девојките од ЖФК „Тиверија“ Струмица моментално се есенски шампионки и се наоѓаат на првото место во првата женска фудбалска лига, а исто така се и на врвот односно на првите места во кадетската и младинската лига на Македонија без ниту еден пораз.
Клубот има преку 25 репрезентативки во сите категории почнувајки од пионерките, кадетките и младинките па се до најдобрата А репрезентацијата на Македонија.
ЖФК „Тиверија“ Струмица е пример за одлично организиран клуб кој покрај спортските активности се бори за родова еднаквост преку разните активности и проекти кои ги прави, како што е проектот „Да и девојките играат фудбал“ кој ќе се реализира и во наредната 2022 година, разни хуманитарни акции, а во наредната година ќе се реализираат повеќе еколошки акции се со цел подигнување на свеста кај граѓаните.