fbpx

Шампионот ги запали моторите

 Шампионот ги запали моторите

Шампионот, Струмица Никоб ги започна подготовките за новата европска сезона, објави тренерот Кире Ричлиев.

Во тимот се врати репрезентативецот Стојан Илиев кој е и првото засилување за следната сезона. И тоа не е се, веќе утре се приклучува и Александар Злобин кој е единствениот кој од странците останува и оваа сезона, а тимот го напуштија Бразилскиот среден блокер и примачот од Тунис, на кој им се заблагодариваме и им посакуваме успех во понатамошните кариери. Покрај Злобин во тимот утре доаѓаат уште двајца негови сонародници, станува збор за Максим Михаилов кој игра на позиција примач и доаѓа од екипата на Будва и Алексеј Лободин кој ке је покрие испразнетата центарска позиција. На позицијата на која со години царува Тиме Ричлиев добиваме уште поголема конкуренција со доаѓањето на репрезетативниот распределувач Филип Деспотовски кој на тимот ќе се приклучи во петок.Како во играчкиот така и стручниот штаб е поискусен и засилен со Атанас Милев, кој ке биде дел од нашиот тим оваа сезона.

Официјално представување на комплетниот тим и стручен штаб како и плановите и целите на ОК Струмица Никоб е закажано за крајот на овој месец.

Share via
Copy link