fbpx

Шапов:Топ 3 проектите кои ги предлага опозицијата, Општина Богданци веќе ги имплементира

 Шапов:Топ 3 проектите кои ги предлага опозицијата, Општина Богданци веќе ги имплементира

Интегрален текст од изјавата на Блаже Шапов, актуелен градоначалник на Богданци и кандидат на СДСМ за нов мандат

Почитувани сограѓани,

како моментален градоначалник на општина Богданци сакам да Ве известам дека Топ 3 проектите кои опозицијата ги предлага во својата изборна програма и планира да ги заврши во првите 100 дена од своето владеење, Општина Богданци веќе ги имплементира:

За проектот под точка 1: Воведување на режим на сообраќај со двонасочни улици со отварање на дополнителен паркинг места во н.м Богданци, би сакале да Ве известиме дека согласно програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Богданци во текот на 2020 и 2021 година, се реализира проект ,,Зајакнување на општински совети“ со одржување на форумски сесии за испитување на јавното мислење и при тоа едногласно е донесена одлука од страна на Советот на општина Богданци за воведување на сообраќајниот режим во населеното место Богданци кој моментално се применува.

За проектот под точка 2: Воведување на систем на електронска наплата на локалните даноци и такси-не е спорно дека истиот ќе се заврши во првите 100 дена без разлика на тој кој ќе биде Градоначалник бидејќи тоа е проект кој во општината веќе е во фаза на реализација и имплементација.

За проектот под точка 3: Реконструкција на улица Крушевска –Богданци, Општина Богданци има потпишано Договорот за имплементација на под-проект Реконструкција на улица Крушевска со Министерството за транспорт и врски. Градежните активности се во тек и истите ќе бидат завршени, така да повеќе од јасно е дека не станува збор за нови проекти, туку за проекти кои веќе се во фаза на реализација и имплементација. (слики во прилог) Околу другите проекти кои ги ветуваат, Ве информирам дека веќе е завршена тендерска постапка за патот Шимов-Ѓавото за кој се доделени средства во износ од 13.861.125 денари како учество на Бирото за регионален развој. Исто така лично се потрудив за да обезбедам комплетна проектна документација за замена на азбестните со полипропиленски цевки.Околу улиците и сокаците кои ги ветуваат, денес сте сите сведоци почитувани мои,дека само за изминатите два месеци се направени и сеуште се прават над 35 улици и сокаци.Ве повикуваме да направите споредба и разлика,да процените и пресудите сами. Изберете ја најдобрата понуда за вас, за вашето семејство, за нашето Богданци .

Ваш Градоначалник Блаже Шапов

Share via
Copy link