fbpx

Ристов: Создаваме нова иднина во Радовиш

 Ристов: Создаваме нова иднина во Радовиш

Ацо Ристов, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Радовиш денеска изјави дека општината со оваа власт со години назадува и потребно е нејзино градење од почеток, да се изградат капитални објекти кои ќе ја подобрат функционалноста и кои ќе помогнат за создавање нова иднина за сите граѓани.

– Од оваа локација каде што сега се наоѓаме ќе изградиме капитални проекти кои ќе го променат и лицето, изгледот и функционалноста на Радовиш. Станува збор за Културно-деловен центар каде што сите луѓе ќе си најдат дел за своите потреби Радовиш со години назадува и време е да почнеме да го градиме од почеток, изјави Ристов.

Тој додаде дека покрај ова ќе следува градба на парк со рекреативен центар, изградба на индустриски објекти со нови капацитети. 

– Ова ќе биде реализирано, бидејќи граѓаните на Радовиш ќе препознаат нова сила и нова надеж.  Време е сите заедно да се обединиме, сите добронамерни слободоумни граѓани на Радовиш да тргнеме заедно и да ја изградиме општината онаква каква што сакаме да живееме и да создадеме нова иднина, истакна Ристов.

Share via
Copy link