fbpx

Шекеринска: Со четвртиот пакет мерки, домашна картичка ќе добијат и пензионерите со ниски пензии и невработени лица кои не се пријавувале во Агенцијата за вработување

 Шекеринска: Со четвртиот пакет мерки, домашна картичка ќе добијат и пензионерите со ниски пензии и невработени лица кои не се пријавувале во Агенцијата за вработување

Според сегашното темпо на зголемување на минималната плата и земајќи предвид дека за време на епидемијата успеавме минималната плата да ја зачуваме на исто ниво, целта ни е минималната плата во следниот четиригодишен период да порасне на 20.000 денари, изјави денеска во Дебар носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во Петтата изборнаа единица и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Таа попладнево во Дебар де се сретна со граѓани, но и со поголем број сопственици на деловни објекти, по што одржа и трибина пред седиштето на огранокот на СДСМ.

-Ве повикувам да продолжиме со успесите постигнати во изминатите години од кога СДСМ е на власт. До победа, разум и разбирање, до чист мандат со кој ќе можеме да формираме Влада и да избереме ние со кого ќе коалицираме, рече меѓу другото Шеќеринска пред граѓаните.

Носителката на листата на коалицијата предводена од СДСМ во ИЕ 5 потенцираше дека со четвртиот пакет Владата предвидува кредитните картички кои сега беа на располагање на одредни категории на граѓани да опфатат уште две групи.

– Едната група се невработени лица кои не се пријавувале секој месец во Агенцијата за вработување и тие ќе имаат шанса да добијат картичка. Втората категорија ќе бидат сите пензионери со пензии под 15.000 денари.Тоа ќе значи дополнителни пари кај граѓаните но во исто време и подршка на домашните производи, најави Шеќеринска.

Share via
Copy link