Стојанов од Шихан Струмица победник во категоријата сениори/јуниори, а Стојановска во кадетска конкуренција на државниот онлајн шампионат во традиционално карате
Спасе Стојанов од Шихан Струмица и Мила Саздовска од Работнички се победници во категоријата сениори/јуниори – Фукого на Државниот онлајн шампионат во традиционално карате во Кихон.
На шампионатот земаа учество 15 клубови со 68 натпреварувачи. Во кадетска конкуренција победи Александра Стојановска од Шихан Струмица.
Натпревари беа организирани и за најмладите, од 6 до 13 години.