fbpx

Во сообраќајка загинаа две деца на 14 и 15 години

 Во сообраќајка загинаа две деца на 14 и 15 години

Денес во 15:15 часот, во СВР Струмица е пријавен несреќен случај со превртување на трактор  и пад во река  во близина на мост на локалниот пат меѓу селата Добрејци и Пиперево, во кој животот го загубиле две малолетни деца на возраст од 14 и 15 години, соопшти портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска.

Убид на лице место извршиле јавен обвинител, увидна екипа од СВР Струмица и лекар мртвопроверител, а по констатирање на причините за смртта телата на децата се предадени на семејствата.

Фото:Архива

Share via
Copy link