fbpx

Скринингот за коронавирусот продолжува и со новинарите од внатрешноста

 Скринингот за коронавирусот продолжува и со новинарите од внатрешноста

Здружението на новинарите на Македонија побара од Министерството за здравство да се организира бесплатен скрининг за новинарите и медиумските работници за коронавирусот. Во таа насока ве известуваме дека скринингот продолжува и се проширува, односно сега ќе ги опфати и новинарите и медиумските работници од другите градови. 
Секој новинар кој е заинтересиран за да направи скрининг, потребно е да го исконтактира локалните медицински центри/болници од својот град и да договори термин за вршење на контролата. Новинарите и медиумските работници кои ќе сакаат да го направат скринингот со себе треба да носат документ за лична идентификација, како и прес-картичка. 
Уште еднаш ги потсетуваме нашите членови при вршење на своите работни обврски да се заштитат максимално и да ги почитуваат сите протоколи. 
Доколку имате дополнителни прашања можете да се обратите кај регионалните координатори на ЗНМ или на фиксниот телефон на канцеларијата на ЗНМ

Share via
Copy link