fbpx

Со бајати афери Николоски сака да го дискредитира Филипче – ДКСК не најде случај уште пред 3 години

 Со бајати афери Николоски сака да го дискредитира Филипче – ДКСК не најде случај уште пред 3 години

По прозивките од Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ упатени на адреса на д-р Венко Филипче повикувајќи го да објасни од каде му е хациенда на Водно со докторска плата се огласи и Филипче на Фејсбук. 

Филипче возврати дека Николоски пласира лаги за кои и Државната комисија за спречување на корупцијата одамна има донесено одлука дека тој не поседува хациенда на Водно. Покрај тоа Филипче најави и тужба против Николоски. 

Имено, врз основа на предмет кој ДКСК го има отворено во 13.03.2020 година, подоцна на 22.07.2021 година носи одлука со која го запира постапувањето. 

„Согласно со одредбите на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата утврди дека нема елементи за натамошно постапување по предметот од причина што од утврдената фактичка состојба не е констатирана повреда на закон и состојба на судир на интереси“, се наведува во одлуката на ДКСК, јавно објавена на нивната веб-страница на следниот линк: https://dksk.mk/wp-content/uploads/2021/08/2021-526-6-%D0%B2.%D0%B2.-12-1606-%D0%BE%D0%B4-2020.pdf 

Според одлуката, од историскиот преглед добиен од Агенцијата за катастар и Општина Карпош утврдено е дека имотите кои се разгледувани во предметот се купени во 2014 година, пред воопшто Филипче да биде носител на јавна функција. 

„Исто така, имајќи ги предвид одредбите од член  2 став з од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси во кои е уредена дефиницијата на „судир на интереси”, и член 8 став 4 од истиот закон каде е уредено  значењето на поимот „блиски лица”, во постапките за јавни набавки не е констатирана состојба  на судир на интереси. Оттука, ДКСК оцени дека нема елементи за нејзино натамошно постапување во предметниот случај, по што одлучи постапката по оформениот предмет да се  запре, а предметот да се затвори и да се архивира“, стои во одлуката на ДКСК. 

Поточно, како што наведе тогашната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска во образложение на одлуката, имотите се купени во 2014 година, како имотот на Илир Хасани, така и на Горан Филипов, така и на Катерина Савевска, мајка на сопругата на министерот Филипче и ДКСК не нашла судир на интереси, како што беше наведено во пријавата, бидејќи станува збор за приватни лица кои не се службени лица ниту пак биле кога се купувало земјиштето. 

Share via
Copy link