Собирна хуманитарна акција на Црвен крст по повод Денот на гладта

 Собирна хуманитарна акција на Црвен крст по повод Денот на гладта

По повод кампањата Денот на гладта, под мотото „Помислете и на нас“, кој се одбележува на 16 октомври, Општинската организација на Црвен крст Струмица организира собирна хуманитарна акција за прибирање на прехрамбени артикли и парични средства.

Акцијата се одржува во периодот од 16 до 22 Октомври, каде граѓаните, фирмите и институциите можат да донираат прехрамбени артикли и парични средства во организацијата на Црвен крст Струмица.

Парични средства може да се донираат преку мобилните телефони на бројот: 070/075/077/143-400 во висина од 100 денари или на жиро сметка на Фондот за солидарност на Црвен крст на РСМ: 30000001327966, Даночен број: 4030984271620, АД Комерцијална банка Скопје.

Средствата донирани во хуманитарната акција се наменети за обезбедување на храна за помош на лица од социјален ризик.

Share via
Copy link