fbpx

Даскаловски: Да славиме уште една голема победа за Струмица на 17 октомври

 Даскаловски: Да славиме уште една голема победа за Струмица на 17 октомври

Интегрален текст од обраќањето на Марјан Даскаловски, носител на советничката листа на СДСМ за Струмица

Почитувани граѓани на општина Струмица,пријатели,симпатизери, другарки и другари

Најдоброто за Општина Струмица е пред вас. Советничката листа на СДСМ предводена од мене е спој на младост и искуство. Таа најдобро знае како трба да се работи и да им се служи на граѓаните.

Затоа, Ве повикувам во недела да излезете на вашите гласачки места, да го заокружите бројот 12 за Најдоброто за нашата општина, да покажете уште еднаш како и многу пати досега дека знаете и умеете да ги изберете најдобрите. Да докажете како и досега кој најдобро ја води општина Струмица.

И на овие избори, како и на многу претходни, ја бараме вашата доверба да продолжиме со уште поголемо темпо да и служиме на нашата убава Струмица и нашите убави населени места. Во нас секогаш имате партнер кој ќе ги ислуша вашите проблеми, ќе седне заедно со вас и ќе ги реши.

Струмица и струмичани се победници. Тие знаат кој води напред, кој им помага и кој е секогаш тука кога е најпотребно. Тоа е Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата!

Затоа, во недела на 17 октомври не се двоумете. Гласајте за бројот 12, гласајте за најдобрите, гласајте за луѓето кои од срце ја сакаат и ќе работат за Струмица. Најдоброто го носиме ние и затоа одберете го најдоброто.

На 17 октомври да славиме уште една голема победа за Струмица, за нашата држава, за сите нас.

Share via
Copy link