„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
СОФ 2020: Вечерва премиера на проектот „Македонски грув“
Струмица ОПЕН фестивал секоја година промовира нови музички проекти на домашни изведувачи.
„Македонски грув“ е проект создаден за потребите на СОФ 2020 за да се потсетиме на многу заборавени, но големи домашни хитови.
Вечерва, од 22:00 часот на Езерцето ќе го слушнеме најдоброто од македонската музика изведено од препознатливите гласови на Јовче Пандев и Ивана Василева. Инструменталисти се локалните музички херои: Иван Кукиќ (бас гитара), Зоран Трендов (соло гитара), Иван Георгиев (клавијатури) и Ѓорги Ѓоргиев (тапани).
Фестивалската програма ќе заврши со настапите на Влатко Стефановски Трио во среда и Дани Димитровска во четврток.