„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Сојузот на лајонс клубови денеска во Струмица организираше „Ден за служење на заедницата“
Сојузот на лајонс клубови во Северна Македонија денеска во Струмица ја организираше манифестацијата „Ден за служење на заедницата“.
Лајонсите спроведоа низа активности во Струмица затоа што СЛУЖАТ и на овој начин, ги претставија основните цели и принципи на лајонизмот.
Манифестацијата почна со скрининг за дијабетес кај населението, потоа се направи едукативно магично ЕКО шоу во градинка и ќе се промовира Програма за меѓународен мир и разбирање преку уметност и правилата за учество кај директорите и наставниците по ликовно образование од основните училишта.
Сојузот на лајонс клубови на Северна Македонија е дел од меѓународната асоцијација на лајонс клубови (Lions Clubs International) https://lionsclubs.org, во која членуваат 1,4 милиони членови, во 210 држави и географски региони на сите континенти, што ја прави најголемата волонтерска и хуманитарна заедница на светот.