Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Советниците на ВМРО ДПМНЕ ја напуштија денешната седница на Советот на Василево
Советниците од ВМРО ДПМНЕ ја напуштија денешната редовна 39-та седница на Советот на општина Василево, на чиј дневен ред беа Програмите за наредната 2021 година, односно Седница на која се одлучува за приоритетите и развојот на сите населени места во наредната година, објави градоначалникот Марјан Јанев.
-Советниците од ВМРО ДПМНЕ. кои патем да нагласам беа само двајца иако народот им дал доверба на шестмина, според образложението од нивната претставничка Сања Стојанова, ја напуштија седницата како што таа нагласи, демонстративно, бидејќи материјалот за седницата не бил доставен навреме. Моето инсистирање да го сослушаат образложението за доцнењето на доставата на материјалот за оваа седница, која патем да потенцирам дека им беше најавена од страна на Претседателот на Советот на претходната седница, не вроди со плод. Со овој чин на напуштање на седница кога се носат едни од најважните одлуки за развојот на општината, наместо да дадат свои предлози и идеи и да дискуртират по програмите на општината за 2021 година, и да ги пренесат потребите на своите граѓани, советниците од ВМРО ДПМНЕ ја покажаа својата неспособност да се сносат со предизвикот на носење на важни одлуки и ја покажаа својата незаинтересираност за најсуштинските прашања поврзани со развојот на општината. Сакам да потенцирам дека напуштањето на седниците од нивна страна а со тоа и бегањето од одговорноста на советниците од ВМРО ДПМНЕ не е прв пат.Тоа само по себе доволно говори за нивниот капацитет.И за да биде целосно јасно, материјалите за седницата доцнеа два дена, а причината е состојбата со Коронавирусот која не ја одмина и нашата општина, поради што во одреден период се работеше со скратено работно време а дел од вработените беа или сеуште се на боледување или самоизолација.Програмите и покрај отсуството на советниците од ВМРО ДПМНЕ беа изгласани, напиша градоначалникот Јанев.