fbpx

Советот на Општина Струмица донесе одлука за ребаланс на буџетот

 Советот на Општина Струмица донесе одлука за ребаланс на буџетот

На денешната 23-та седница Советот донесе и усвои значајни одлуки од работата на Општината, јавните претпријатија и основните општински училишта.

Советниците ги усвоија извештајот за извршување на буџетот за првиот квартал од 2023 година, одлуката за ребаланс на буџетот и измените на општинските програми.

Основниот буџет за 2023 изнесуваше 805.098.000 денари, а со ребалансот тој изнесува 759.291.815 денари што значи дека има намалување од 45.806.185 денари. Намалувањето произлегува како разлика од намалување на трансферите за 69.014.185 денари, намалена со зголемени приходи од ДДВ за 23.208.000 денари.

Според градоначалникот Костадин Костадинов, ребалансот значи нови проекти за доброто на сите граѓани.На седницата беа усвоени и повеќе одлуки од областа на урбанизмот, одлука за промена на режимот на сообраќај на крстосница од улица „Младинска“, улица „Братство Единство“ и улица „24-ти Октомври“, одлука за приоритетен проект за изработка на инвестиционо техничка документација на ниво на Основен проект за улиците „Ристо Клепов” и „Боро Поцков” во урбан опфат на Блок 20 и улица „Сервисна улица” од деталниот урбанистички план за дел од Блок 16 и дел од блок 15 во Oпштина Струмица, одлуки од работењето на Јавните претпријатија „Комуналец“, „Струмица гас“, „Струмица транспорт“ и годишните планови за вработување во основните општински училишта за 2024 година.

Советниците дадоа зелено светло и на предлог одлуките за отстапување на патничко моторно возило на Фондација „ЕЛЕУСА“ и парична помош за четворица граѓани од општина Струмица.

Share via
Copy link