СПОДЕЛУВАЈТЕ И ДОНИРАЈТЕ: Сега на Анче ѝ е потребна нашата помош – да се обединиме за жената која со години им помагаше на другите!

 СПОДЕЛУВАЈТЕ И ДОНИРАЈТЕ: Сега на Анче ѝ е потребна нашата помош – да се обединиме за жената која со години им помагаше на другите!

Постојат луѓе кои целиот свој живот несебично го посветуваат на другите. Луѓе кои не прашуваат кому му е најтешко, туку веднаш подаваат рака. Таква е Анче Туфекчиева од Струмица – мајка, сопруга, хуманитарка и долгогодишен борец за правата и достоинството на лицата со попреченост.

Како мајка на Верче, девојка со Даунов синдром, Анче повеќе од 17 години секојдневно се бори за подобар живот не само за своето дете, туку и за многу други деца и семејства кои се соочуваат со слични предизвици. Таа организираше хуманитарни акции, беше глас на оние што најтешко се слушаат и секогаш беше меѓу првите кога некому му беше потребна помош. Никогаш не бараше ништо за себе.

Денес животот пред неа постави најтешка битка. На Анче ѝ е дијагностициран карцином и таа веќе започна со лекувањето. Пред неа се долги и исцрпувачки терапии, чести патувања до Клиниката во Скопје, скапи лекови и бројни дополнителни трошоци кои претставуваат огромен товар за нејзиното семејство.И покрај сè, Анче не ја губи надежта и храбро се бори. Но, во оваа борба не може сама.

Затоа упатуваме искрен апел до сите хумани луѓе – доколку сте во можност, помогнете со донација. Не постои мала помош. Секој денар, секое споделување на овој апел и секоја подадена рака значат чекор поблиску до нејзиното закрепнување.Да покажеме дека добрината што Анче со години несебично ја подаруваше на другите денес ѝ се враќа. Да ѝ помогнеме да ја добие најважната животна битка и да остане најголемата поддршка на своите деца, на својот сопруг и на сите што ја сакаат.

Податоци за донација:

Примач: Анче ТуфекчиеваТрансакциска сметка: 300037114378074 Комерцијална банка

Ви благодариме од срце на секој што ќе помогне и ќе го сподели овој апел.

Заедно можеме да направиме голема разлика.

Share via
Copy link