Костадинов: фали намалување од 0.001 грам манган на литар вода за да добиеме пак питка вода
Според пописот има 205 празни села
Државниот завод за статистика, во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021, во последниот сет на пописни податоци ги објави податоците на ниво на населени места и тоа:
– Вкупно резидентно население, домаќинства и станови
– Вкупно резидентно население по 5-годишни возрасни групи и
– Вкупно резидентно население според изјаснувањето за етничка припадност
Што ни покажуваат податоците:
- Во периодот на спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021 г., во Република Северна Македонија има вкупно 1 781 населени места, а 205 се празни населени места.
- Во главниот град Скопје живеат 526 502 жители, 171 171 домаќинство и има 213 850 станови.
- Населено место со најголем број на жители е Скопје – Аеродром со 75 108 жители, а потоа следуваат градовите: Куманово со 75 051 жител, Битола со 69 287 жители, Прилеп со 63 308 жители, Тетово со 63 176 жители итн.
- 684 населени места се со помалку од 100 жители, додека 218 населени места се со помалку од 10 жители.
- Според бројот на домаќинства, најмногу домаќинства има во населеното место Скопје – Аеродром – 27026, па следуваат градовите: Битола со 24974, Куманово со 23451, Прилеп со 22763, Тетово со 17948, а во 381 населено место има 10 и помалку домаќинства.
- Најмногу станови има во населеното место Скопје – Аеродром – 34 415, а во 116 населени места има помалку од 10 станови.
- Населени места со најмногу младо население на возраст од 0 до 14 години се: Скопје – Чаир, Скопје – Аеродром и во градовите Куманово и Тетово, а со старо население на возраст од 85 и повеќе години се населените места: Скопје – Карпош, Скопје – Центар и градовите Битола, Прилеп, Велес, Охрид итн.
Целиот сет на податоци е објавен на веб-страницата на ДЗС, во Макстат базата, на следниов линк: